„Бомба“ во Белград: Теодосиќ се враќа во Звезда!

Милош Теодосиќ според информациите на српските медиуми се вратил во Црвена Звезда.

Теодосиќ претходното лето беше блиску до враќање во Звезда на некоја позиција во раководството, но тогаш се одлучи за пауза од една година.

Сега според последните информации, постигнал конечен договор со претседателот Жењко Дрчелиќ.

Засега не е познато точно во која улога ќе се врати Тедосиќ и тоа наскоро би требало да биде потврдено.