Марјановиќ ги загуби нервите и сакаше да се тепа со навивачи (ВИДЕО)
Српскиот центар се изнервира по дуелот на Блаж Махковиќ, а потоа намерно го турна ривалот, по што судиите досудија неспортски прекршок.
Марјановиќ не запре по инцидентот и ја продолжи вербалната пресметка со противникот, а по напуштањето на теренот се скара и со навивачите, при што мораше да интервенира спортскиот директор на Илирија, Саша Дончиќ кој го смируваше српскиот џин.