Левандовски го постигна последниот гол за Барса против Димитриевски (ВИДЕО)
Левандовски по еден час игра успеа да го матира Димитриевски и да погоди за 1-0, но Валенсија во продолжение направи целосен пресврт со головите на Гуера и Риоха, а победата ја запечати Родригез во седмата минута од судиското надополнување (3-1).
🚨 Robert Lewandowski 61'
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 23, 2026
🇪🇸 Valencia 0-1 Barcelonapic.twitter.com/V2HeIXuQ8o
Полскиот голгетер по овој натпревар си заминува од Барселона, а засега не е позната неговата следна дестинација во кариерата.
Реал Мадрид успеа да слави со 4-2 против Атлетик Билбао. Головите во првото полувреме ги постигнаа Гарсија и Белингам за „кралевите“, додека на спротивната страна погоди Гурузета.
Мбапе на почетокот на вториот дел зголеми на 3-1, а потоа Дијаз во 88. минута стрелаше за водство од 4-1. На крајот Атлетик Билбао, сепак, успеа да намали на 2-4.
Од претходно е познато дека Барселона е шампион, додека Реал Мадрид заврши втор. Во понизок ранг заминуваат Мајорка, Жирона и Овиедо.
Останати резултати:
Алавес – Рајо Валјекано 1-2
Бетис – Леванте 2-1
Селта Виго – Севилја 1-0
Еспањол – Реал Сосиедад 1-1
Хетафе – Осасуна 1-0
Жирона – Елче 1-1
Мајорка – Овиедо – 3-0
Фото: BarcelonaFC/Facebook