Барселона го прегази Лион во женското финале на ЛШ (ВИДЕО)

Барселона славеше со 4-0 против Лион во женското финале на Лигата на шампиони (ЛШ) и го освоија четвртиот пехар во последните шест години. Ева Пајор и Салма Параљуело постигнаа по два голови за каталонскиот гигант и ја израдуваа својата екипа.

Пајор стрелаше во 58 и 69. минута од натпреварот, додека Параљуело погоди во завршницата, односно во 90 и 93. минута.

Лион во првото полувреме имаше поништен гол на ЛИндзи Хипс поради офсајд по ВАР-проверка.

Фото: Facebook/FC Barcelona Femení