Талески блесна против Шкендија - му одбрани два пенали по ред на Љатифи (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар триумфира со 3-0 против Шкендија во последното коло од Првата лига, а посебен придонес во победата имаше голманот Давор Талески кој одбрани два пенали по ред.

Лирим Љатифи не успеа да го совлада Талески по првиот удар, откако голманот излегол предвреме од гол-линијата, по што пеналот се повтори. Чуварот на мрежата, сепак, му одбрани и втор пат на ривалот и предизвика радост кај вардарци.