Хаос во Лондон: Навивачи го каменуваа автобусот на Хал (ВИДЕО)

Вистинска драма се случувала пред финалето од баражот за пласман во Премиер лигата, откако автобусот на Хал сити бил оштетен пред нивната пресметка со Миделсбро.

Автобусот на Хал бил гаѓан со камења и шишиња пред пресметката со Миделсбро, а притоа е предизвикана само материјална штета.

Финалето меѓу Хал и Миделсбро се игра денеска на „Вембли“ од 16.30 часот.