Бруно Фернандеш ја доби наградата за - играч на сезоната!
Бруно Фернандеш постигна осум голови и го израмни рекордот по најмногу асистенции во една сезона во Премиер лигата, сега заедно со Тјери Анри и Кевин Де Брујне имаат по 20.
Португалецот даде голем доприност за Манчестер Јунајтед да дојде до место кое води во Лигата на шампионите.
Ова признание го освојува по првпат и стана прв фудбалер на Манчестер Јунајтед по Немања Матиќ во 2010/11 кој бил прогласен за играч на сезоната во најдобрата англиска лига.
Тој е седми играч на Јунајтед со ова признание, претходно го освојувале Питер Шмајхел, Двајт Јорк, Руд ван Нистелрој, Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Немања Матиќ.
Наградата за најдобар млад фудбалер ја доби играчот на Манчестер Сити, Нико Орајли.