Шортс е на излезна врата од Панатинаикос - Партизан и Звезда ја следат ситуацијата!

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс веројатно ќе го напушти Панатинакос и во следната сезона ќе игра за нов клуб, повеќе екипи се заинтересирани за неговиот потпис.

Шпанските медиуми пишуваат дека Шортс веќе некое време не е во плановите на клубот за следната сезона и од март интензивно се зборува за негово заминување.

Информациите велат дека најблиску до неговиот потпис е Хапоел Тел Авив, но има и други заинтересирани.

Се споменуваат и белградските ривали, Партизан и Црвена звезда, иако веројатноста за преселба во Србија е помала.

Не се исклучува и останување во Панатинаикос, но само доколку Атаман си замине.