Вардар и со измешан состав е пресилен за Тиквеш
Откако ја заверија шампионската титула, вардарци само рутински ја одработуваат сезоната до крај и го зголемуваат бодовното салдо. Иван Чупиќ им дава шанса на оние кои играа помалку во текот на сезоната.
Прашањето за победникот, ако воопшто и го имаше на овој натпревар, го решија во првото полувреме кое го добија со 20-12. Во вториот дел одиграа поопуштено и дојдоа до конечни 36-26.
Најефикасен во составот на Вардар беше Атанасовски со шест голови, по четири постигнаа Стојановски, Лазаревски и Марчињак. За Тиквеш најефикасен беше Мики Лазов.
Вардар утре има официјална прослава на титулата, а до крајот на сезоната му останува уште меч со Бутел.