Ѓукиќ: Сакаме со што подобар резултат да се вратиме во Охрид
Пред мечот со Татабања во Унгарија, српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е свесен за тежината на она што го очекува Охрид, но верува во добар резултат.
„Нè очекува тежок натпревар в недела, влогот е голем, титула во Европа. Според мене играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да изиграме што подобро и со што подобар резултат да се вратиме во Охрид“, порача Ѓукиќ.