БиХ пушти билети и за македонски навивачи во Сараево – се продаваат по 1.000 денари!
Македонија на 29 мај во Сараево на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ ќе игра против БиХ во пријателски натпревар, домаќините своите билети веќе ги распродадоа.
Сега преку платформата на ФФМ „eticket.ffm.mk“ македонските навивачи можат да купуваат билети по цена од 1.000 денари.
Покрај овој дуел како што е познато, Македонија ќе игра и против Турција во Истанбул, тој дуел е закажан за 1 јуни.