Дембеле за финалето: Ќе бидам на теренот, ако шефот ме избере

Фудбалерот на ПСЖ, Осман Дембеле, го напушти натпреварот од последното коло во француската Лига 1 против Париз поради полесна повреда.

Тој ги загрижи навивачите на гигантот од Париз бидејќи следи и финалето во Лигата на шампионите против Арсенал, сепак според неговата последна изјава тој ќе биде подготвен за настап.

„Имам мала лузна од дуелот против Париз, но сум добро и ќе бидам подготвен за финалето во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе бидам на теренот на 30 мај, ако шефот ме избере“, изјави Дембеле низ насмевка.

Францускиот репрезентативец порача и дека има желба повторно да ја освои „Златната топка“.

„Најважно е да ја освоиме Лигата на шампионите и да имаме одлично Светско првенство. Потоа, вистина е дека кога еднаш ќе ја освоиш „Златната топка“, сакаш повторно да го направиш тоа“, додаде Дембеле.

Фото: PSG