„Ќе има промени, сега повикав само дел од играчите кои сакам да ги видам!“
На списокот има и петмина дебитанти, селекторот вели дека ова ќе бидат важни натпревари на кои сака да ја види сликата за потенцијалните репрезентативци пред мечевите од Лигата на нации.
„Што се однесува со двата натпревари кои ги играме со БиХ и Турција, повикав 27 играчи. Некои откажаа поради повредите, крај на сезона е, повикав и неколку играчи од македонско првенство. Сакав да проверам и некои нови играчи бидејќи наскоро ќе дојдат и официјалните натпреварите“, вели селекторот Гоце Седлоски.
„Ќе има промени, знаевте дека работев и во Вардар додека беа тие два меча со Данска и со Ирска. Очекувам од играчите кои играат стандардно во клубовите да бидат повикувани во националниот тим. Од секој играч зависи дали ќе биде со нас тука, тие што ќе заслужат ќе бидат повикани. Јас им посакувам на сите да бидат здрави и во добра форма. Сите играчи кои се повикани тука ќе добијат шанса, на нив е да се докажат. За жал имаме и играчи кои се повредени, крај на сезоната е. Од новите зависи како ќе се вклопат со староседелците во репрезентацијата“.
„Ги пратам сите играчи од македонската лига, ги знам сите играчи бидејќи работев во Вардар. Има и други добри играчи кои ги гледам, но засега се одлучив за тие што ги повикав. Имаме време до почетокот на Лигата на нации да ги следам сите потенцијални репрезентативци, играчи кои играат и во странските лиги, а не се повикувани досега“.
„Со селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез се договоривме да направиме повеќе замени, да можеме да направиме и 11 измени во второто полувреме“.