Нејмар се повреди брзо по повикот за Светско!

Од Бразил стигнуваат информации дека Нејмар заработил повреда, но доколку се биде во ред би требало таа навреме да биде санирана за тој без проблем да замине на Мундијалот.

Се оствари желбата на Нејмар, доби повик од Карло Анчелоти за настап на Светското првенство, но веднаш по убавите вести, стигна и лоша.

Од Сантос информираат дека Нејмар се повредил. Бразилецот има пороблеми со листот на ногата.

Се очекува тој да биде во аут меѓу пет и десет дена.