Какво друштво: Емери им се придружи на Мурињо, Трапатони и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот тренер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи.

Емери со причина го нарекуваат „крал на Лига Европа“, бидејќи вчера успеа по петти пат да го освои ова натпреварување. Најпрво трипати по ред со Севиља (2014, 2015 и 2016), потоа еднаш со Виљареал (2021), а сега и со Астон Вила (2026).

Така шпанскиот стратег стана само четвртиот тренер во историјата со пет европски трофеи. Пред Унаи Емери, до бројката од пет европски титули стигнаа двајца славни Италијанци и еден легендарен Португалец.

Најпрво Џовани Трапатони, со Јувентус освои еден Куп на шампиони (1985), два Купа на УЕФА (1977 и 1993) и Куп на победници на купови (1984), а со Интер го освои Купот на УЕФА во 1991 година.

Потоа Жозе Мурињо со две Лиги на шампиони со Порто (2004) и Интер (2010), Куп на УЕФА со Порто (2003) и Лига Европа со Манчестер Јунајтед (2017).

И на крајот Карло Анчелоти со пет трофеи од Лигата на шампиони, две со Милан (2003 и 2007) и три со Реал Мадрид (2014, 2022 и 2024).

Фото: Aston Vila FC