Навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна! (ВИДЕО)
Денеска на Националната арена во Скопје се игра финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Силекс, а стартот беше скандалозен, со свирежи за химната на Македонија.
Навивачите на Шкендија покажаа непочитување кон химната, седеа додека таа се интонираше и ја свиркаа. Дополнително имаа голем транспарент против ФФМ, па клубот се очекува да добие сериозни санкции поради однесувањето на своите фанови.