Шок за Саутемптон: Исфрлен е од плејоф финалето за место во Премиер лигата!

Екипата на Саутемптон е исфрлена од плејофот во борбата за место во Премиер лигата поради шпиунирање на тренингот на Миделсброу.

„Светците“ требаше в сабота да играат против Хал во финалето на плејофот, откако минатата недела го елиминираа Мидлсброу во полуфиналето. Но, Англиската фудбалска лига сега официјално потврди дека тимот е исфрлен откако биле потврдени прекршувањата за шпиунажа.

Покрај тоа, Саутемптон ќе ја почне следната сезона и со четири бода помалку.

„Независната дисциплинска комисија денеска донесе одлука Саутемптон да биде исфрлен од плејофот во Чемпионшип, откако клубот призна повеќекратни прекршувања на правилникот поврзани со неовластено снимање тренинзи на други клубови“, стои во реакцијата.

Така, сега Мидлсброу се враќа во плејофот и ќе игра во финалето против Хал. Финалето останува закажано за сабота, 23 мај, а терминот дополнително ќе биде потврден.

ФОТО: X / @SouthamptonFC