Аморим може да се врати во клубот каде што е легенда

Четири месеци по заминувањето од Манчестер јунајтед, Рубен Аморим би можел да се врати на тренерската работа.

Според информациите од Португалија, Аморим би можел да биде наследникот на Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, како што е познато Мурињо е пред враќање на клупата на Реал Мадрид. 

Поранешниот фудбалер на Бенфика и човекот кој освои дури 11 трофеи со клубот би можел да се врати на „Луж“ сега како тренер.

Во игра за функцијата е и тренерот на Фулам, Марко Силва, особено поради тоа што неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Сепак, за него постои голем интерес од повеќе премиерлигашки клубови и најверојатно ќе остане во Англија.

Аморим во досегашната тренерска кариера ги водеше Каса Пија, Брага, Спортинг и Манчестер јунајтед. Со Брага го освои Лига купот, додека со Спортинг двапати стигна до истиот трофеј, а трипати беше и шампион на Португалија.

Фото: Premier League