Суспендиран српски атлетичар, комбинирал пиво и кокаин!

Атлетскиот сојуз на Србија денеска потврди дека го суспендирал атлетичарот Иван Гарај откако паднал на допинг тест.

Како што признал самиот Гарај, тој консумирал пиво во комбинација со кокаин, поради што добил суспензија од три месеци.

„Атлетичарот Иван Гарај призна употреба на кокаин надвор од натпреварување од причини кои не се поврзани со подобрување на спортските перформанси. Тој навел дека на 23 февруари 2026 година, околу 23 часот, консумирал кокаин во пет дози заедно со 12 пива од забава што било потврдено и од едно присутно лице“, се наведува во соопштението на Атлетскиот сојуз на Србија.

Гарај е суспендиран на три месеци, а казната почнала да тече од 20 март. Тој настапува во дисциплините фрлање ѓуле и фрлање диск.

Неговиот најголем успех е бронзениот медал од Светското дворанско првенство во Белград, а минатата година беше и вицешампион на Купот на Србија во Крушевац.

Фото: Ivan Garaj/Instagram