Конечно: Барселона може да купува без да продава!

По освојувањето на титулата во Ла Лига и продолжувањето на договорот со Ханси Флик за Барселона сега пристигнуваат и нови добри вести.

Имено, според последните информации од каталонските медиуми, Барселона конечно ги надминала финансиски проблеми со кои се соочуваше во изминатите години и ова лето ќе може без претходно да продава да регистрира нови фудбалери.

Во изминатите преодниот рока, Барса често имаше проблеми, најмногу со Дани Олмо кој мораше да пропушти и неколку натпревари, додека клубот успее да го регистрира. Сега, сето тоа е минато и клубот се враќа на правилото 1:1.

Секако, дека ова се одлични вести пред летниот преоден рок во кој Барселона ќе се обиде да се засили на одредени позиции, а веќе е потврдено и заминувањето на Роберт Левандовски.

Фото: Barcelona FC