Елмас може да заврши во Премиер лигата, го сака и клуб кој ќе игра ЛШ!
Според информациите на „Тутомеркато“ екипите на Сандерленд и Астон вила покажале интерес за ангажман на македонскиот „дијасмант“.
Како посериозна опција се споменува Астон вила која ќе игра и во Лигата на шампионите. Тимот на Емери сезонава се бори и за трофеј бидејќи утре ќе го игра финалето во Лигата на Европа. Сандерленд од друга страна сезона е десетти и се бори за место во Европа.
Елмас во дресот на Наполи во два мандати вкупно запиша 232 настапи, а иако во последната сезона одигра солидно под водство на Конте сепак клубот не се договори со Лајпциг за откуп на неговиот договор.
Фото: SSC Napoli