Прво засилување за Мареска во Манчестер сити ќе биде - ѕвезда од Челси!?

Италијанецот Енцо Мареска треба да биде новиот тренер на Манчестер сити од следната сезона, а веќе размислува за потенцијалните засилувања во текот на летниот преоден рок.

Мареска наводно го избрал првото засилување, кое треба да пристигне од неговиот поранешен клуб Челси, а станува збор за Енцо Фернандез.

„Граѓаните“ се подготвени да испратат понуда од 115 милиони евра за потписот на Аргентинецот, а наводно Челси нема да се противи на негов трансфер.

Енцо пристигна во Челси во 2023 година за 120 милиони евра, но во изминатиот период беше жестоко критикуван поради преговори со Реал Мадрид.