Гол и асистенција на Меси за победа на Интер Мајами! (ВИДЕО)

Интер Мајами со 2-0 го победи Портланд Тимберс, а главен играч на натпреварот беше Лионел Меси кој даде гол и имаше супер асистенција.

Резултатот беше отворен по половина час игра, фудбалерите на Интер Мајами изведоа супер акција која ја реализираше Лео Меси за водство на Интер Мајами од 1-0.

Десетина минути подоцна Аргентинецот направи фантастична асистенција до Бертераме за 2-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

На крајот Меси очекувано беше прогласен за играч на натпреварот.