Прекрасна атмосфера во „Борис Трајковски“: Македонија чекори кон ново СП (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација го доби првото полувреме против Словачка со 18-11 во реваншот од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година, а ракометарите имаат голема поддршка од трибините.

СЦ „Борис Трајковски“ е исполнет до последното место, а навивачите направија прекрасна атмосфера во дуелот во кој Македонија полека, но сигурно чекори кон пласман на нов Мундијал.