Брајтон загуби од Лидс, Сандерленд го нокаутира Евертон! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лидс го надиграа Брајтон со 1-0, додека Сандерленд славеше со 3-1 против Евертон, со што стана поинтересна трката за позициите кои водат во европските натпреварувања.

Доминик Калверт-Луин го постигна победничкиот гол за Лидс, и тоа во шестата минута од судиското надополнување со што донесе три бодови за неговата екипа.

Евертон поведе против Сандерленд со голот на Рол во 43. минута, а гостите успеаја да направат целосен пресврт во вториот дел.

Броуби погоди за 1-1 во 59. минута, а до крајот стрелаа Ле Фе и Исидор за конечни 3-1 и големи три бодови за Сандерленд.

На останатите натпревари, Вулвс одигра 1-1 против Фулам, а Брентфорд ремизира против Кристал Палас (2-2).

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Leeds United