Наполи веќе е во ЛШ, студен туш за Јуве – Милан и Рома сега се во „пол-позиција“! (ВИДЕО)
Сите екипи кои се борат за европските натпревари играа во ист термин, а освен Јувентус останатите фаворитит славеа победи.
Јувентус на свој терен доживеа неочекуван пораз од 2-0 од Фиорентина која и нема некој резултатски императив. Избраниците на Спалети одново не беа на потребното ниво и прикажаа една бледа игра.
Во Рим се играше римското дерби во кое победа славеше Рома со 2-0, победата за домаќините ја обезбеди Мансини со по еден гол во првото и второто полувреме. Во вториот дел видовме и по едно исклучувањ на двете страни, Весли кај „волчицата“ и Ровела на спротивната страна.
Наполи на гости кај Пиза забележа сигурна победа од 3-0, Мектоминеј и Рахмани беа стрелци во првото дел. Елмас при вториот погодок беше асистент откако одлично нафрли од корнер. Конечниот резултат во финишот го постави Хојлунд.
Милан на гости се радуваше против Џенова со 2-1, Нкунку и Атекаме беа стрелци за гостите, додека Васкез во финишот го постигна единствениот гол за домашниот состав.
Победата за Комо на свој терен против Комо ја обезбеди Морено во 58-та минута.
Јувентус и Комо сега имаат по 68 бода на петтата и шестата позиција, додека Милан и Рома на четвртата по 70, а до крајот на сезоната останува уште едно коло.
Фото: Juventus FC