Драматична снимка од Рим: Јаник Синер среде меч имал напад на паника (ВИДЕО)
Италијанецот во текот на мечот повраќаше на теренот, а потоа побара и итен прекин поради силниот дожд, што дополнително ја подгреа загриженоста кај италијанската јавност.
„Според мене, изгледаше како Јаник да има напад на паника. Како да не можеше да дише. На Австралија опен 2025 првпат му се случи нешто слично и тогаш не знаеше како да се справи со тоа. Сега можеби успеал да го препознае моментот“, изјави Пенета.
Синер одлично го отвори мечот и првиот сет го доби со убедливи 6-2, но Медведев возврати и со 7-5 го израмни резултатот. Во третиот сет Италијанецот поведе со брејк и 4-2, а потоа следуваше вистински хаос. При сервис на Медведев, Синер инсистираше мечот веднаш да биде прекинат поради дождот, па судијката Орели Торте реши тенисерите да ги испрати во соблекувална.
Продолжението на спектаклот е закажано за денеска попладне, доколку временските услови тоа го дозволат.