Раја стана прв голман со „златна ракавица“ во ЛШ и Премиер лигата!

Голманот на Арсенал, Давид Раја е еден од најдобрите оваа сезона и го предводи лондонскиот гигант на патот кон нови успеси, а притоа доби и награди за неговите одбрани.

Раја стана единствениот голман во историјата кој освоил „златна ракавица“ во Премиер лигата и Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанецот оваа сезона настапи на 49 натпревари, а притоа прими само 30 голови, а имаше и 27 „чисти мрежи“.