Мбапе откри дали ќе го напушти Реал Мадрид (ФОТО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пристигна како големо засилување за Реал Мадрид, но се соочи со жестоки критики од навивачите во завршницата од сезоната, по што почнаа шпекулациите дека ќе си замине од клубот.

Мбапе добиваше критики од фановите, а беше исвиркуван и на последните натпревари, меѓутоа неговиот план е јасен, а тоа е да остане во Реал Мадрид.

„Нема да го напуштам Реал Мадрид. Зошто би го направил тоа? Нема шанси да заминам“, кажа Мбапе.

Мбапе оваа сезона настапи на 42 натпревари, а притоа постигна 41 гол и седум асистенции за „кралскиот клуб“.