Љубовта за Македонија не познава граници: Фалангата со силна поддршка за ракометарите (ВИДЕО)
Околу 60 членови на македонската Фаланга од Виена се најде на трибините во Прешов и даде грмогласна поддршка на ракометарите на патот кон големата победа.
Претседателот на Македонската Фаланга од Виена, Роберт Петрески, понатпреварот кажа дека покрај поддршката за репрезентацијата, Фалангата ја искористила оваа можност и за промоција на нивната нова песна „Сите на нозе“. Македонската Фаланга уште еднаш покажа дека љубовта кон Македонија не познава граници, километри и замор кога игра Македонија.
Ракометарите на Македонија го направија првиот чекор кон Мундијалот (31-24), па доколку нема чудо во реваншот во Скопје, тогаш нашата селекција ќе настапува на уште едно Светско првенство.
