Деко пристигна во Лондон - договара големо засилување за Барса!

Англиските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на Барселона, Деко пристигнал во Лондон за да има разговори со претставниците на Жоао Педро.

Каталонскиот гигант сака да го реши прашањето во нападот, откако стана јасно дека Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

Педро има одлична сезона во дресот на премиерлигашот, каде што покажа дека може да игра на повеќе позиции во нападот.