Анчелоти го враќа Нејмар поради повреда на Жоао Педро!?

Бразилски „ЕСПН“ објави дека ѕвездата на Челси, Жоао Педро се повредил на тренинг и поради тоа ќе отпадне од списокот на патници за Светското првенство (СП), а тоа му ја отвора вратата на Нејмар во репрезентацијата.

Нејмар долго време се трудеше да се врати во репрезентацијата, но не е во најдобра форма, меѓутоа повредата на Педро менува многу работи.

„Повикот на Нејмар за Мундијалот станува реалност“, пишува „ЕСПН Бразил“.

Бразил е во групата Ц со Мароко, Хаити и Шкотска на СП.