Тотален хаос во Ла Лига - 11 екипи се борат за опстанок
Познато е дека Барселона е нов првак, како и останатите четири екипи што ќе ѝ прават друштво во Лигата на шампионите, а познато е и дека Овиедо е испаднат. Покрај тоа, се знае дека Селта ќе иигра во некоој од куповите, а Сосиедад обезбеди Лига Европа поради освојувањето на Копа дел Реј.
После тоа, ништо не се знае бидејќи од деветтото до 19. место има 11 екипи оддалечени на само пет бода разлика. Орото го водат Атлетик Билбао и Рајо Ваљекано кои имаат по 44 бода, а потоа следуваат уште девет тима на кои опстанокот уште не им е обезбеден.
Најинтересно е во и пред зоната за испаѓање каде Елче, Мајорка и Леванте имаат по 39 бода. Токму Леванте и Мајорка играат во претпоследното коло кое е на програмата в недела и тој што ќе загуби, најверојатно ќе мора во понизок ранг.