Енрике изградил империја вредна 27 милиони евра, а сега ѝ ја препуштил на сопругата

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, одлучил да направи голема промена во својот деловен живот. Шпанецот поднел оставка од функцијата извршен директор во својата агенција за недвижности, а раководната позиција официјално ѝ ја препушти на сопругата.

Компанијата важи за „сериозен играч“ на шпанскиот пазар, со имот чија вредност достигнува импресивни 27 милиони евра.

Според информациите, поранешниот селектор на Шпанија и актуелен стратег на ПСЖ се повлекол од челната позиција поради лични причини. Сепак, пред официјално да ја напушти функцијата тој дополнително ја зацвристил компанијата инвестирајќи 1,4 милиони евра.

Инаку, неговата сопруга, која е новоименувана директорка, е исклучително квалификувана за оваа улога. Таа дипломирала економија на престижниот Универзитет во Барселона и поседува големо познавање од секторот за недвижности, па се очекува компанијата и под нејзино водство да продолжи со стабилно и успешно работење.

Фото: PSG