Ново име во Битола: Пелистер се засили со Босанец од кого има големи очекувања!
Босанскиот интернационалец во Пелистер пристигнува од редовите на Тузла и со битолскиот клбуб стави потпис на тригодишен договор.
Според најавата од Пелистер очекувањата од него се големи, пред Тузла беше дел од Извиѓач со кој освои неколку титули, а во БиХ го носеше уште дресот на Грачаница.
Во последните три години зад себе остави и траги со настапите во Европа во Европскиот куп и Европската лига. Епизодата во Пелистер ќе ја почне со подготовките за новата сезона на почетокот на јули.