Ѕвездите добија свирежи, Реал се спаси од нов срам (ВИДЕО)

Најголемите ѕвезди на Реал Мадрид, Винисиус, Мбапе и Белингам добија жестоки свирежи од своите навивачи на вечерашниот натпревар против Овиедо, прв откако „кралскиот клуб“ официјално остана без можност да се бори за трофеј сезонава.

На домашен терен, Реал играше со „фенерџијата“ Овиедо и го совлада потешко од очекувањата. За двата тима, натпреварот немаше никакво резултатско значење бидејќи Реал е без шанси за титула, а Овиедо е веќе испаднат, но уште од почетокот на Бернабе беше присутна тензија која се пренесе на теренот.

Во такви услови, на првиот гол се чекаше дури до 44. минута кога Гонзало Гарсија ја искористи асистенцијата на Брахим Дијаз и го отвори резултатот. Во вториот дел во игра влегоа Белингам и Мбапе и тие двајца учествуват во акцијата за вториот кој го постигна англискиот репрезентативец.

Со ова Реал се доближи на 11 бода негатива од Барселона и до крајот на сезоната ќе се обиде да се избори за пристојна негатива.