Цензура на „Бернабе“: Обезбедувањето конфискуваше банери со пораки за Перез (ВИДЕО)

Хаотичната атмосфера во Реал вечерва доби нова димензија откако можеби првпат во историјата, обезбедувањето мораше да интервенира и да конфискува банери со пораки упатени кон претседателот на клубот Флорентино Перез.

На еден дел од трибините осамна транспарент со порака „Флорентино, оди си веднаш“ кој експресно беше одземен, а на друг, при изведување еден корнер можеше да се види како три члена на обезбедувањето водат војна со навивач кој има транспарент со натпис кој не се гледа убаво, но на кој според информациите од Шпанија пишува: „Флорентино, виновен“.

 

 

Ваква цензура не е видена во поновата историја на европскиот фудбал бидејќи навивачите секогаш имале можност да го искажат своето мислење за која било ситуација. Очигледно дека не се сите фанови на Реал „слепи“ и дека не паѓаат на жестоките изјави на Флорентино Перез дека сите околу се свртени и работат против мадридскиот клуб, а тој нема никаква вина за лошите резултати.

 

 

Покрај сите истакнати банери, камерите забележаа како Флорентино Перез води жестока вербална дискусија со навивачи кои се наоѓаат под свечената ложа.