Лазаров го одбра тимот за Словачка – голман, два бека и пивот ќе гледаат од трибини!
Селекторот Кирил Лазаров го одреди конечниот список од 16 ракометари кои ќе истрчаат на паркетот во Прешов, додека четворица остануваат надвор од записникот за овој натпревар.
На трибините за вечерашниот дуел ќе бидат голманот Васил Гогов, бековите Мартин Ивановски и Филип Николов, како и пивотот Марко Стојковиќ, кои својата шанса ќе ја чекаат за реваншот во Скопје, кој се игра в недела.
