Спектакл на Меси, МЛС му избриша гол за хет-трик (ВИДЕО)
Тимот од Флорида славеше со 5-3, а Меси учествуваше во вкупно четири гола. Го отвори резултатот во 24. минута и израмни на 2-2 во 55, потоа во 79. му асистираше на Силвети за 3-3, а во самиот финиш, по неговиот удар топката ја погоди главата на противничкиот голман и заврши во мрежата.
Токму тој гол предизвика контроверзи бидејќи МЛС констатираше дека е автогол на голманот на Синсинати, Челентано. Многумина сметаа дека голот треба да му се припише на Меси со што тој би запишал уште еден хет-трик во кариерата, но засега останува одлуката дека е автогол.
Меси во моментов е втор стрелец во МЛС со 11 гола на 12 настапи, а забележа и четири асистенции. Заедно со последните два стигна до бројката од 909 гола во кариерата.