Перез ја нападна Барселона: Не сакам односи со тим кој две децении плаќал судии!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја нападна Барселона по загубената титула во шпанската Ла Лига, по што од каталонскиот гигант најавија тужба.

Перез ја нападна Барселона и го спомена „случајот Негреира“, односно ја нападна каталонската екипа дека плаќала судии за да добива предност пред ривалите.

„Мојот однос со Барселона е прекинат. Не сакам никакви односи со тим кој плаќа судии две децении. Сакам правда во случајот со Негреира“, кажа Перез.