Звезда комплетира уште една двојна круна - играчите се степаа на крајот (ВИДЕО)
По 120 минути игра, резултатот беше 2-2, а по изведувањето пенали Звезда беше подобра со 5-4. Белградскиот тим во второто полувреме анулираше негатива од 0-2 со тоа што голот за израмнување го постигна Родригао во 95. минута. Сепак, сето тоа остана во сенка на инцидентите пред почетокот, а особено по завршувањето на финалниот натпревар.
Матеус одбрани удар на Мери во шестата серија, што потоа доведе до општа тепачка меѓу играчите и членовите на техничкиот штаб на двата клуба. Највоинствен беше фудбалерот на Црвена Звезда, Адем Авдиќ, кој воопшто не играше во финалето, но сериозно се судри со неколку играчи на тимот од Нови Сад.
На крајот, завојуваните страни некако се разделија, па Звезда можеше да ја почне прославата на уште една титула и уште една двојна круна, шеста по ред. Инциденти и кошкања имаше и во текот на мечот, но тогаш тензијата брзо се смируваше.