Ракометарите се фаворити против Словачка, ама - ќе мора да се испотат ако сакаат на СП 2027!
Жолто-црвените влегуваат како фаворит на хартија, но јасно е дека ваквите мечеви носат голем притисок и неизвесност. Словаците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и поддршката од трибините, па нашите момци ќе мора да одигра максимално дисциплинирано, особено во одбраната и транзицијата.
„Пред нас се две тешки средби, имаме почит кон селекцијата на Словачка, која е комбинација од млади и од искусни ракометари. Мора да бидеме многу внимателни, да сме фокусирани во текот на сите 60 минути во Прешов. Играчите не им се премногу познати, но ние добро се подготвивме за нив од анализите на нашиот стручен штаб. Верувам дека сè ќе зависи од нас, ако одиграме како што треба ќе ја оствариме зацртаната цел и ќе се пласираме на уште едно светско првенство“, изјави младиот пивот на Алкалоид, Валентин Карасманакис..
Клучот за позитивен резултат ќе биде контролата на ритамот на игра и реализацијата во нападот, со цел Македонија да обезбеди поволен резултат пред реваншот во Скопје, кој се игра в недела во Скопје, кој се очекува да биде пресуден за патникот на Мундијалот.