Левандовски пред трансфер на кариерата – му нудат богатство кое не се одбива!
Според шпанските медиуми, саудискиот гигант му понудил дури 90 милиони евра по сезона, што би го направило еден од најплатените фудбалери на планетата, веднаш зад имиња како Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Карим Бензема. На искусниот полски голгетер на крајот од сезоната му истекува договорот со Барселона, а сè погласни се информациите дека Каталонците нема да му понудат продолжување на соработката.
Токму затоа, финансиската офанзива од Саудиска Арабија сериозно ја променила ситуацијата, па Левандовски би можел да направи еден од најголемите трансфери во крајната фаза од кариерата. Полјакот зад себе има четири сезони на „Камп Ноу“, каде што одигра 191 натпревар со учинок од 119 голови и 24 асистенции. Најголема белег, сепак, остави во Баерн Минхен, каде постигна неверојатни 344 гола на 375 меча, додека блескаше и во дресот на Борусија Дортмунд.
ФОТО: fcbarselona.com