Незаинтересираната Барса потона во Баскија и остана без можност за 100 бода (ВИДЕО)
Со овој триумф, баскискиот тим излезе од опасната зона и на две кола пред крајот на сезоната има бод повеќе од Леванте и Жирона, а во следното коло гостува кај веќе испаднатиот Овиедо. Алавес максимално ја искористи ситуацијата со Барселона која пред три дена ја одбрани шампионската титула во Ла Лига и очигледно вечерва на никој од играчите не му беше до фудбал.
Најдобар доказ за тоа е фактот што „каталонците“ не упатија ниеден директен удар кон голот на Алавес, нешто што ретко им се случува дури и против поквалитетни противници. Стрелец на единствениот гол беше Диабате пред истекот на првото полувреме по една голема грешка на одбраната на Барселона.
Со денешниот пораз, Барса дефинитивно ја испушти можноста да освои 100 бода оваа сезона и да го израмни рекордот од 2013 година. Максимум што може да стигне овој тим сега е 97.