Петта титула по ред за ПСЖ, осма во последните девет години (ВИДЕО)
Како гости, „светците“ славеа со 2-0 и ставија печат на својата петта титула во домашното првенство, осма во последните девет години. Хегемонијата на парискиот тим, кој сезонава повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, накратко во 2021 година ја прекина Лил, а оттогаш ПСЖ е недопирлив за ривалите во домашниот фудбал.
Иако изгуби, фер е да се каже дека Ленс вечерва беше подобар противник, но неискуството си го направи своето и место убедлив триумф, забележа пораз. Домаќините упатија дури 25 шута од кои десет во рамките на голот, ама не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Од друга страна, ПСЖ од три директни шута, постигна два гола.
Стрелци беа Кварацкелија во 29. и Мбаје во 93. минута. На коло пред крајот, ПСЖ има девет бода предност пред Ленс кој идната сезона ќе учествува во Лигата на шампионите.