Седумкратен француски шампион ќе остане без настап во Европа!?
Лион во моментов се наоѓа на четвртата позиција, односно има само еден бод помалку од Лил, а до крајот им остана уште еден натпревар.
„Телеграф“ пишува дека Лион не ги исполнил условите од договорот со Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
Францускиот клуб доби казна од 20 милиони евра поради финансиски неправилности, а беше на момент исфрлен и во Лига 2, но одлуката ја поништија по жалбата.
Сопствениците на клубот до 15 октомври требаше да осигураат влог од 60 милиони евра и да го претворат во капитал на клубот, но тој услов засега не е исполнет.
Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL