Работнички стана шампион на Македонија!

Одбојкарките на Работнички триумфира против Наковски Волеј со 3-1 во сетови во „мајсторката“ во финалето и го крена шампионскиот пехар.

Наковски Волеј го доби првиот сет со 25-16, по што следеше одлична игра од Работнички кој славеше со 25-20, 27-25 и 25-23 за да стигне до пехарот.

Најдобра одбојкарка во редовите на Работнички беше Тамара Стојанова со 20 поени, додека Милевска запиша 18 поени.

Фото: Facebook/Одбојкарска федерација на Македонија