Валенсија му се поклони: Спектакуларниот Столе Димитриевски (ФОТО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски одигра уште еден одличен натпревар за Валенсија и помогна да освои три бодови против Атлетик Билбао (1-0).

Валенсија освои важни три бодови во Ла Лига, а по натпреварот „лилјаците“ му се поклонија на македонскиот репрезентативен чувар на мрежата.

„Многу сме задоволни со Димитриевски затоа што ова не е прв натпревар на кој ни помогна. Среќен сум со посветеноста и одличната игра на моите фудбалери и освојувањето на трите бодови“, кажа тренерот на Валенсија.

Фото: Facebook/Valencia C.F