Драма во Африка: Судијата поништи гол на гостите и досуди пенал за домаќинот! (ВИДЕО)

Хаотичен и драматичен момент го реши првиот натпревар од финалето на африканскиот Куп на конфедерации во кој Алжир го совлада Замалек со 1-0.

Во самиот финиш од средбата Бразилецот Хуан Безера постигна гол за водство на гостите од Египет, меѓутоа многу брзо следуваше шок.

Не само што голот на Безера беше поништен туку главниот судија по повикот од ВАР-собата досуди пенал за домаќините за ситуација која претходеше на погодокот. По протестите пеналот во 97-та минута го изведе Ахмед Калди кој реализираше за победа на Алжир од 1-0.

Така сега Замалек место да брани предност во реваншот пред својата публика, ќе брка негатива.