Три натпревари и ниту еден победник попладнево во Премиер лигата (ВИДЕО)

Попладнево во Премиер лигата во 36. коло во терминот од 15:00 часот се одиграа три натпревари во кои немаше победник. 

Евертон и Кристал палас беа ефикасни и ремизираа со 2-2. Евертон поведе уште во шестата минута кога стоперот Џејмс Тарковски најдобро се снајде по корнер и одбиена топка на втората статива.

Избраниците на Оливер Гласнер израмнија во 34. минута преку Исмаил Сар кој погоди по акција по десната страна. Неговиот прв обид беше блокиран, но Сенегалецот повторно стигна до топката и прецизно шутираше во поблискиот агол.

Домашниот тим повторно дојде до предност на стартот од второто полувреме. Во 47. минута, Тарковски со одлично додавање го проигра напаѓачот Бето, а Бразилецот мајсторски го надмудри својот чувар и постигна гол за 2-1, конечните 2-2 ги постави Матета во 77. минута.

Со истиот резултат заврши и средбата помеѓу Астон вила и веќе испаднатиот Барнли, а за тимот на Емери ова беше трет натпревар во кој не победија. Последниот дуел кои го играа Нотингем и Њуксл беше завршен со резултат 1-1.

Фото: Everton FC/FB